Свет Свет Голем пожар во Сиднеј – двајца повредени

Голем пожар во Сиднеј – двајца повредени

Две лица се потешко повредени во голем пожар кој избувна во индустриски комплекс во југозападниот дел на Сиднеј, јавуваат австралиските медиуми.

Околу 100 пожарникари се борат со пожарот кој целосно уништил отпад за автомобили и зафатил две околни згради. Од безбедносни причини, полицијата ги евакуирала луѓето од околните згради, а на самото место има амбулантни возила.

– Пожарот се уште гори на отпадот за автомобили. Ситуацијата се влошува поради големата количина на гориво и автомобилските гуми – соопшти австралиската противпожарната служба.

Засега не е позната причината за избувнувањето на пожарот.