Свет Балкан Голем пожар во фабрика за пластика во Истанбул

Голем пожар во фабрика за пластика во Истанбул

Голем пожар денеска изби во фабрика за пластични производи во истанбулскиот кварт Бајрам-паша, а огнената стихија набргу се проширила и на соседните згради, јавуваат турските медиуми.

Засега нема информации за евентуални жртви, а припадниците на противпожарните служби се обидуваат да го стават пожарот под контрола.

Сè уште не се знае причината за пожарот.