Македонија Голем пожар утрово во индустриски објект во Тетово

Голем пожар утрово во индустриски објект во Тетово

Фото: Порталб.мк

Утрово се запали индустриски објект во Тетово на излезот од градот. Како што јавува Порталб.мк, на терен се излезени противпожарните екипи со повеќе возила. Неофицијално, медиумот јавува дека пожарот зафатил фабрика за производство на градежни материјали.

Засега нема информации за повредени лица во пожарот, а над градот се издигнуваат густи, темни облаци чад. Во моментов пожарникарите се обидуваат да го локализираат и изгаснат пожарот.

Повеќе информации во врска со пожарот ќе бидат објавени во текот на денот.