Свет Балкан Голем пожар беснее на грчкиот остров Евиа

Голем пожар беснее на грчкиот остров Евиа

Во централниот дел на грчкиот остров Евиа од вчера беснее голем пожар, поради што властите прогласија вонредна состојба и евакуираа две села и еден манастир.

Поради пожарот затворен е и дел од главниот пат што минува низ островот, а властите повикаа жителите и туристите да ги користат траектите до Атина, кои  сообраќаат постојано.

Во пожарот на Евиа, вториот најголем остров во Грција, по Крит, засега нема загинати и повредени и значителна материјална штета, но грчките власти велат дека ситуацијата постојано се влошува. Пожарот зафатил голема површина под борова шума и забрзано се шири потпомогнат од силниот ветер.

Во гаснењето се вклучени и хеликоптери и авиони.