Дописници Голем одзив на скијачкиот меморијален куп „Стеве Илиевски-Караѓуле“

Голем одзив на скијачкиот меморијален куп „Стеве Илиевски-Караѓуле“

Повеќе од 80 дечиња од скијачки клубови од Македонија и од соседството, денеска учествуваа на четвртиот меморијален куп „Стеве Илиевски-Караѓуле“ на Попова Шапка.

Младите и надежни скијачи, родени од 1999 година до 2008 година, ги одмеруваа вештините во алпската дисциплина велеслалом на скијачката патека Пионерско брдо.

И покрај маглата која се спушти на скијачката патека, децата со голем ентузијазам учествуваа на натпреварувањето и ги покажаa своите скијачки вештини. Многу од нив веќе имаат забележано успеси и освоени медали.

Велеслаломот за деца почна скромно, со неколку учесници, за денеска да прерасне во манифестација со меѓународен карактер.

Трета година по ред, на овој меморијален куп учествуваат најдобрите скијачки клубови од Црна Гора. Предвидени се награди и дипломи за првите три места, а сите учесници на денешниот натпревар ќе добијат благодарници.