Спорт Ѓоковиќ во полуфинале на „Австралија опен“

Ѓоковиќ во полуфинале на „Австралија опен“

Спрскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Милош Раониќ со три добиени сетови, 7:5, 6:3 и 6:2, и обезбеди полуфинале на Австралиското отворено првенство. Во полуфиналето тој ќе се сретне со бранителот на титулата, Станислас Вавринка. Вавринка го совлада Јапонецот Кеи Нишикори со 6:3, 6:4 и 7:6 по сетови.

Втори полуфиналисти се Томаш Бердих и Енди Мареј. Бердих го победи Рафаел Надал, а Енди Мареј го надигра Ник Киргиос.

Во женска категорија, полуфинале ќе играат Серена Вилијамс со Кејс  Медисон и Марија Шарапова со Екатерина Макарова.