Хроника Го пријавил брата си дека дома чува бомби, па добил кривична пријава

Го пријавил брата си дека дома чува бомби, па добил кривична пријава

Кочанската полиција поднела кривична пријава против 42-годишен жител на градот за недозволено држење и тргување со оружје и распрскувачки материи, информираат од МВР.

Според полицијата, осомничениот Ф.Ј. на 25 октомври минатата година, во кочанската полиција пријавил дека неговиот брат Е.Ј. дома неовластено чувал четири бомби и два пиштоли. Полицијата извршила претрес и пронашла хемиска рачна бомба, а по извршениот разговор, било утврдено дека бомбата била на осомничениот. Како што информираат од полицијата, по расправија помеѓу браќата, Е.Ј. му ја зел бомбата на Ф.Ј. и ја чувал кај себе.

Оттаму соопштуваат дека осомничениот ја набавил бомбата кон крајот на август минатата година, од кочанец кој, наводно, ја пронашол во контејнер.

Против Ф.Ј. е покрената кривична пријава за лажно пријавување кривично дело.