Хроника Го повредиле со нож за 1.000 денари и за „метадон“

Го повредиле со нож за 1.000 денари и за „метадон“

СВР Битола поднесе кривична пријава против Џ.М. (30) и Е.И. (32), двајцата од Битола, за разбојништво.

Имено, на 9 ноември годинава, во 10 часот, во Старата битолска чаршија, пријавените, со закана со нож и со употреба на физичка сила, извршиле разбојништво над 26-годишно лице од село Кривогаштани, при што му нанеле видливи повреди и му одзеле 1.000 денари и седум шишиња „метадон“.