Македонија Главниот граничен премин меѓу Сирија и Либан обемно бомбардиран од Израел

Главниот граничен премин меѓу Сирија и Либан обемно бомбардиран од Израел

Штетата нанесена го спречува глаткиот проток на добра од Сирија во Либан и сериозно го отежнува патот за граѓаните на Либан кои бегаат од војна

Photo by Charbel Karam on Unsplash

Граничниот премин „Маснаа“, меѓу Сирија и Либан, е сериозно оштетен од израелско бомбардирање, соопштија Обединетите нации (ОН), а пренесува Гардијан.

Метју Холингворт, директорот на Светската програма за храна на ОН во Либан, вели оти штетата на патот сериозно го отежнува патот за граѓаните на Либан кои бегаат од војна.

„Дополнително, ова значи дека добрата што вообичаено би доаѓала преку копно преку тој премин – најевтиниот, најефикасниот начин да се внесат добра во земјата –  нема да можат да бидат примени овде“, изјави Холингворт за Би-би-си.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во четвртокот го обвинија Хезболах дека го користи преминот со Сирија за да увезува оружја во Либан.

Видео снимки „Асошиејтед прес“ покажа дека нападите во близина на преминот „Маснаа“ оставиле два огромни кратери на двете страни од патот. На снимката може да се видат луѓе со торби како го поминуваат преминот пеш, поради тоа што нивните возила не можеле да го преминат урнатиот пат.

Во меѓувреме, ИДФ продолжува со напади врз Либан. Тие го напаѓаат седиштето на Хезболах, наводно таргетирајќи го Хашем Сафиедин, човекот кој највеојатно ќе го наследи Хасан Насрлалах, лидерот на Хезболах кој минатата беше убиен во израелски напад.