Македонија Гевгелија едногласно рече „не“ за отворање рудници на Кожуф

Гевгелија едногласно рече „не“ за отворање рудници на Кожуф

Во мирен референдум, вчера 99,1 отсто од жителите со право на глас на општина Гевгелија кои гласале ја отфрлија можноста да се отворат нови рудници на злато на планината Кожуф.

Во гласачкиот список се наоѓаа 19.459 граѓани со право на глас, а до 19 часот 99,1 отсто од граѓаните гласале. Од нив 13.097 се изјасниле „против“ рудници за злато, а само 154 гласале „за“ дозвола за експлоатација на злато во тој регион.

Дека референдумот е успешен потврдуваат и од Општинската  изборна комисија на Гевгелија.