Свет Европа Германците се против безвизниот режим за Турција

Германците се против безвизниот режим за Турција

Повеќе од 60 отсто од Германците се против воведување безвизен режим меѓу Турција и ЕУ, покажа истражувањето на институтот „Инфратест“.

Само 33 отсто од Германците го поддржуваат укинувањето на визите за Турците, а 62 отсто се против.
Според новото истражување, 57 отсто од испитаниците се против спогодбата ЕУ – Турција за мигрантите, додека 39 отсто ја поддржуваат, објави медиумската мрежа АРД.

Европската комисија препорача воведување на безвизен режим за Турците во рамки на спогодбата со Анкара за мигрантите.