Свет Европа Германското обвинителство распиша потерница по Анис Амри

Германското обвинителство распиша потерница по Анис Амри

Сојузната криминалистичка служба на Германија по налог на обвинителството и со поддршка на покраинската полиција, спроведува интензивна потрага по Анис Амри, кој е осомничен дека го изврши нападот на божиќниот базар во Берлин, во кој загинаа 12 лица.

Обвинителството нуди и награда до 100.000 евра за информација што би помогнала да биде уапсен осомничениот.

По налог на обвинителството, исто така, е распишана и јавна потерница во која првпат се споменува и презимето на бараниот, а наведено е дека е на возраст од 24 години и роден е во Тунис.