Свет Европа Германскиот неделник „Шпигел“ го повлече известувачот од Турција

Германскиот неделник „Шпигел“ го повлече известувачот од Турција

Германскиот неделник „Шпигел“ тврди дека бил принуден да го повлече својот дописник од Турција поради „неподносливото“ однесување на турските власти.

Угледниот германски неделник пишува дека нивната редакција донела одлука да го повлече дописникот Хаснаин Казим, откако Турција со месеци одбивала да ја обнови неговата прес-акредитација.

– Ваквото однесување спрема нашиот дописник и начинот на однесување спрема „Шпигел“ и „Шпигел онлајн“ е неподносливо и ја крши слободата на печатот – изјави главниот и одговорен уредник, Флоријан Хармус, во соопштение.