Економија Германски „Костал“ ќе инвестира 50 милиони евра и ќе вработи 1.000 лица

Германски „Костал“ ќе инвестира 50 милиони евра и ќе вработи 1.000 лица

Германска компанија „Костал“, за производство на електронски компоненти за автомобилска индустрија, ќе отвори фабрика во технолошко-индустриска зона во охридско-струшкиот регион. За почеток, тие ќе преземат и ќе реновираат веќе постоечки објект, во кругот на фабриката ЕМО.

Инвестицијата чини 50 милиони евра и ќе се вработат 1.000 луѓе.

– Во првата фаза од инвестицијата, „Костал“ ќе преземе постоечки објект во кругот на фабриката ЕМО. Површина од 6.000 квадратни метри ќе биде закупена две години. Паралелно, тие ќе градат и фабрика во технолошко-индустриската зона. Во моментов, на обука се десетина поранешни вработени на ЕМО, а пробното производство ќе почне со работа на почетокот од следната година – изјави директорот на дирекцијата на ТИРЗ, Виктор Мизо.

Компанијата „Костал“ е присутна во 17 земји и има повеќе од 16.000 вработени.

Договорот за реализација на инвестицијата, денеска во Владата го потпишаа директорот на дирекцијата на ТИРЗ, Виктор Мизо, и извршниот потпретседател на „Костал“, Кристофер Сандерс.