Свет Европа Германската влада одобри нови мерки за мигрантите

Германската влада одобри нови мерки за мигрантите

Владата на Германија одобри нов пакет мерки кои треба да и помогнат на државата да се справи со интеграцијата на околу 1,1 милион мигранти, кои минатата година пристигнаа во земјата, соопшти денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

– Мислам дека е ова е важен чекор – изјави Меркел, додавајќи дека мерките се насочени кон балансирање на нови „можности и задолженија“ за мигрантите.

Сепак, мерките, кои вклучуваат проширување на курсевите за ориентирање на мигрантите и покус рок на чекање за курсевите за интеграција, пред да почнат да се применуваат мора да бидат одобрени во Парламентот.