Свет Европа Германската полиција уапси 15-годишно момче осомничено дека подготвувало напад

Германската полиција уапси 15-годишно момче осомничено дека подготвувало напад

Германските власти уапсиле 15-годишно момче, кое е осомничено за подготовка на напад, а се верува и дека било во контакт со тинејџерот што минатата седмица во Минхен уби девет лица во трговски центар.

Обвинителството и полицијата во Лудвигсбург соопштија дека тинејџерот е уапсен во понеделникот и пренесен во психијатриска болница.

Во домот на осомничениот се пронајдени куршуми, ножеви, план за бегство, хемикалии и инструкции за правење бомби.