Свет Европа Германската полиција го претресе домот на напаѓачот од Минхен

Германската полиција го претресе домот на напаѓачот од Минхен

Претрес во станот на 18-годишниот напаѓач во трговскиот центар во Минхен, утрово изврши германската полиција.

Напаѓачот живел заедно со своите родители во реонот Максфорштад.

Во вчерашниот напад девет лица загинаа, а 16 се повредени. Шефот на полицијата во Минхен, Хубертус Андре, истакна дека е пронајдено и телото на напаѓачот, кој извршил самоубиство.

Напаѓачот е идентификуван како Германец со иранско потекло, кој немал криминално досие и најверојатно дејствувал сам.

– Мотивите за нападот се целосно нејасни – посочи Андре.

Претходно полицијата веруваше дека во нападот учествувале три лица, но Андре прецизира дека другите две лица за кои се веруваше да се соучесници, само бегале од истрелите.