Свет Европа Германската полиција ги ослободи осомничените за тероризам

Германската полиција ги ослободи осомничените за тероризам

Германската полиција ги ослободи двајцата мажи кои беа уапсени под сомнение дека им припаѓаат на исламските екстремисти во Германија.

– Нема докази дека 28-годишниот Сириец и 46-годишниот Тунижанец подготвувале напади – соопшти полицијата.
После нивното апсење полицијата извршила рација во џамија во Шарлотенбург, и во Исламскиот културен центар.

Локалните медиуми претходни известиле дека осомничените се обиделе да пренесат експлозив од Минхен, кој би бил употребен при напад во Дортмунд.

Властите соопштија дека нема докази дека во нивниот автомобил имало експлозив, а не е пронајден ниту во џамијата, ниту во културниот центар.

Полицијата исто така објави дека нема индикации оти „биле планирани насилства во Берлин“.