Свет Европа Германија: Запалени згради за азиланти

Германија: Запалени згради за азиланти

Засега непознати лица, според германската полиција, подметнаа пожар во три празни згради во Баварија, кои биле наменети за сместување азиланти.

Пожарот избувнал доцна синоќа, во место во близина на Нирнберг, а полицијата соопшти дека во еден од објектите нашла исцртани свастики и пароли против странци.

За време на пожарот, зградите биле празни.

Пожарот бил бргу локализиран, при што полесно е повреден еден пожарникар.

Бројот на лицата што бараат азил во Германија годинава е зголемен, а една од причините за тоа се немирите во Сирија.