Свет Европа Германија: Уапсен припадник на ИД кој подготвувал напад на отворањето на Бундеслигата

Германија: Уапсен припадник на ИД кој подготвувал напад на отворањето на Бундеслигата

Германските власти во градот Мутершат, на западот на земјата уапсиле високо претставник на Исламска држава, јавуваат германските медиуми

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи во покраината Ринеланд-Палатинат потврди за германскиот весник „Билд“ дека е извршено апсење.

Весникот наведува дека осомничениот е уапсен за време на рутинска полициска контрола.

„Билд“ наведува дека германските власти добил дојава од уапсен кој се наоѓал во затвор во покраината Северна Рајна-Вестфалија, на северот на Германија.

Осомничениот припадник на ИД претставувал безбедносна закана за натпреварот со кој ќе биде отворена новата сезона на германската фудбалска лига.

– Постојат индиции дека подготвувал нешто поврзано со почетокот на сезоната на Бундеслигата – соопшти портпаролот на министерството за внатрешни работи.

Новата сезона на германската Будеслига почнува на 26 август со натпреварот меѓу Баерн од Минхен и гостинот Вердер од Бремен.