Свет Европа Германија: Полицијата употреби солзавец на демонстрантите

Германија: Полицијата употреби солзавец на демонстрантите

Германската полиција испукала солзавец на неколку стотини демонстранти кои фрлале шишиња и камења на автобусти полни со азиланти, кои утринава пристигнаа гратчето Хајденау, на истокот на Германија.

Синоќа неколку стотина лица одржаа мирен протетест во градот Хајденаи, во близина на Дрезден, во знак на протест поради очекуваното пристигнување на 250 бегалци кои треба да бидат сместени во празна зграда.

Локалните медиуми јавуваат дека група екстермисти, од кои некои членови на крајната десница Националдемократска партија, им се придружиле на протестите и извикувале ксенофобични слогани.

Полицијата ја растерала насобраната топла, а автобусите продолжиле кон предвидената дестинација.

– После нимирите, сега ситуацијата е мирна – рече полицискиот претставник за германскиот весник „Тагелшигл“, додавајќи дека се уште немаат прецизни информации за повредени или уапсени лица.