Свет Европа Германија парализирана, штрајк на јавните превозници

Германија парализирана, штрајк на јавните превозници

Автобусите, трамваите и метроато во многу градови останаа паркирани

Фото: Fabian Strauch/dpa

Вработените во градскиот и приградскиот транспорт во неколку германски провинции утринава започнаа дводневен предупредувачки штрајк. Автобусите, трамваите и метрото во многу градови останаа паркирани, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Синдикатот Верди повика на штрајк до петок во обид да се зголеми притисокот врз работодавачите во колективните преговори. Суспензијата на превозниците се случува во Берлин, Хамбург, Долна Саксонија, Саксонија-Анхалт, Северна Рајна-Вестфалија и Рајнланд-Пфалц.

Во исто време, за денеска се најавени демонстрации во повеќе градови.

Суспензијата не ги опфаќа регионалните возови и автобусите на превозниците кои не се управувани од локалните власти.

Синдикатите бараат покачувања и подобри услови за работа, односно помало оптоварување на вработените.

Акцијата е дел од големиот бран на предупредувачки штрајкови во јавниот превоз на покана на синдикатот Верди. Големиот штрајк ќе се одржи утре.