Свет Балкан Германија ги затвори амбасадата и конзулатот во Турција

Германија ги затвори амбасадата и конзулатот во Турција

Германската амбасада во Анкара е затворена поради индиции за можен напад, соопшти денеска министерството за надворешни работи во Берлин.

Како што се наведува, затворени се и германскиот конзулат и училиштето во Истанбул.

Германскиот конзулат се наоѓа во близина на плоштадот Таксим, најголемата туристичка и рекреативна област во Истанбул.

Претходно, отцепената група од Работничката партија на Курдистан (ПКК), наречена Курдистански соколи на слободата (ТАК), ја презеде одговорноста за нападот во Анкара во кој загинаа 37 лица, а десетици беа повредени.

Нападот, како што велат од ТАК, е одмазда против турските власти кои спроведуваат воени операции во југоисточниот дел од земјата.