Свет Европа Германија доброволно ја напуштиле 55.000 мигранти, најголем број се од Балканот

Германија доброволно ја напуштиле 55.000 мигранти, најголем број се од Балканот

Германија доброволно ја напуштиле рекордни 55.000 мигранти, што е двојно поголем број од тие што биле депортирани, покажуваат податоците на германската канцеларија за миграција и за бегалци, а јавуваат германските медиуми.

Најголем дел од мигрантите, во периодот од јануари до ноември, се вратиле на Балканот, а најголем број од нив се од Албанија, дури 15.000. Годинава, од Германија биле депортирани 25.000 мигранти.

Канцеларијата за миграција информира дека се зголемува и бројот на тие што доброволно се враќаат во Ирак, Иран и во Авганистан.