Македонија Германија и во иднина ќе ја поддржува европската перспектива на Македонија

Германија и во иднина ќе ја поддржува европската перспектива на Македонија

За Германија, започнувањето на пристапните преговори на Европската унија со Македонија е и останува да биде суштинско прашање на безбедноста и стабилноста во Европа.

„Германскиот Бундестаг со својата одлука на 26 септември 2019 г. ја исполни оваа одговорност. Нашата позиција не се промени, и таа и понатаму треба да служи како импулс за размислување за другите. И ние сме за тоа, пристапниот процес во целина да биде потранспарентен и подобар. Но, исто така сме уверени, дека вреди да ѝ се понуди европска перспектива на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението за печат на Амбасадата на Германија во Скопје.

Од амбасадата посочуваат дека нашата земја треба да ги интензивира реформите и со тоа да ги убеди сите, кои сѐ уште би имале сомнеж, дека нејзиното место е во ЕУ.

„Од заеднички европски интерес е да се интегрираат државите од Западен Балкан во Европската унија. За ова да успее, мораме да се држиме до нашите ветувања, европската перспектива на овие земји заедно да ја спроведеме“, се додава во соопштението.