Македонија Ѓеорѓиев: Изградени 20, за четири години уште 40 нови детски градинки

Ѓеорѓиев: Изградени 20, за четири години уште 40 нови детски градинки

Според портпаролот Александар Ѓеорѓиев, вкупната сума издовена за овие проекти изнесува речиси еден милион евра

Владата, заедно со општините, за шест месеци обезбедила 20 нови градинки, во кои се очекува да престојуваат 860 деца, а за следните четири години се планира да бидат изградени најмалку 40 детски градинки, соопшти портпарлот на владата, Александар Ѓеорѓиев.

Како што појасни Ѓеорѓиев, станува збор за три типа објекти, односно новоградби, доградби и адаптација на веќе постоечки објекти.

Од буџетот на државата за целокупните овие проекти се издвоени повеќе од 40 милиони денари, а со учеството на општините, вкупната сума за реализација на инвестициите изнесува речиси еден милион евра.