Свет Генералното собрание на ОН ќе му оддаде почит на Чуркин

Генералното собрание на ОН ќе му оддаде почит на Чуркин

Генералното собрание на Обединетите нации ќе одржи специјален состанок за да му оддаде почит на амбасадорот на Русија во Обединетите нации, Виталиј Чуркин.

Тоа го најави претседателот на 71. сесија на Генералното собрание на ОН, Питер Томсон.
Томсон, исто така, најави минута молк во знак на сеќавање на Чуркин, за кој рече дека бил „еден од најпочитуваните и највлијателните членови на семејството на ОН“.

Истовремено, Советот за безбедност на ОН усвои резолуција по повод смртта на рускиот дипломат.

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека шефот на руската мисија при ОН, Виталиј Чуркин, ненадејно починал во Њујорк само еден ден пред својот 65. роденден.

Во соопштението на министерството се наведува дека станувало збор за „исклучителен руски дипломат“, кој пред да биде поставен на местото амбасадор на Русија во ОН во мај 2006 година, бил амбасадор на Русија во Белгија и во Канада, како и амбасадор за врски со НАТО.