Македонија Генералниот секретар на НАТО повика на воздржаност и на истрага

Генералниот секретар на НАТО повика на воздржаност и на истрага

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази голема загриженост за ситуацијата во Куманово и во Македонија и изрази сочувство за семејствата на загинатите и на ранетите.

„Важно е сите политички лидери и лидери на заедници заедно да работат за да го вратат мирот и да спроведат транспарентна истрага за да се воспостави што се случило. Итно ги повикувам сите на воздржаност, во интерес на земјата и на регионот“, се вели во реакцијата на Столтенберг.