Свет Балкан Генерална конференција на УНЕСКО за прием на Косово

Генерална конференција на УНЕСКО за прием на Косово

На Генералната конференција на УНЕСКО во Париз денеска би требало да биде разгледан приемот на Косово во организацијата.

По препораката на извршниот совет на УНЕСКО, Косово да стане членка на организацијата, Србија побара одлагање на расправата за прием на Косово, за прашањето да биде решено на дијалогот кој Белград и Приштина го водат во Брисел.

Во случај предлогот за одложување на расправата да не добие потребно мнозинство, ќе се гласа за првобитната предлог-одлука која ја поднесе Албанија со група држави. Во тој случај, за Косово да стане дел од УНЕСКО, потребна е двотретинска мнозинство за предлогот да биде усвоен.