Македонија ГДОМ од денеска нема да протестира

ГДОМ од денеска нема да протестира

Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) од денеска повеќе нема да протестира пред штабот на СДСМ.

Од движењето велат дека протестот го прекинуваат поради тоа што нивната цел е веќе постигната, со тоа што претседателот на Собранието го потпишал решението за избори на 5 јуни, а Државната изборна комисија (ДИК) донела одлука дека има услови за фер и демократски избори.

Приврзаници на здружението ГДОМ минатата недела протестираа пред штабот на СДСМ, барајќи укинување на аболицијата за Зоран Заев и за Зоран Верушевски.