Македонија ФЗОМ ги зголеми квотите на лекови и за април

ФЗОМ ги зголеми квотите на лекови и за април

Фондот за здравствено осигурување донесе одлука за линеарно зголемување на квотите на лекови за дополнителни 12.000 денари, поради сезонските алергии и прогласената епидемија на морбили на територија на цела држава, но и по направена сондажа за искористеност на квоти за месец април на приватните здравствени установи аптеки која изнесува од 85 до 90 проценти.

„Ова зголемување е обезбедено за секоја здравствена установа – аптека, освен за апеките со максимална месечна квота од 650.000 денари и ќе важи само за месец април. Фондот континуирано ја следи достапноста до лековите на рецепт и работи на обезбедување подобра снабденост со лекови во текот на целиот месец“, информираат од таму.