Македонија Пораки за мир, благосостојба и за единство во божиќните честитки до граѓаните

Пораки за мир, благосостојба и за единство во божиќните честитки до граѓаните

Светата црква, посебно на овој ден, нè повикува да покажеме добра волја и да го градиме и да го чуваме мирот со сите народи. Исполнети со божиќната радост, да учествуваме во јакнењето и на духовното и на националното единство меѓу нашиот народ, без разлика каде живееме – во татковината или раселени по светот, стои во божиќната порака на г.г. Стефан до граѓаните.

„Со своето човекољубие и богољубие, да покажеме дека и во нашите души има место за витлеемскиот Богомладенец. Прославувајќи го Божиќ, да им се придружиме на сите кои го препознаа и го примија родениот во Витлеем – предвечниот Бог. Христос се роди! Честито и од Бога благословено новото лето“, пишува во пораката.

Чеситки за Бадник и за Божиќ со пораки за мир, благосостојба и за среќа до граѓаните испратија политичките лидери и државните функционери.