Главна секција Фуере пред СЈО: Избори во ваква ситуација се невозможни

Фуере пред СЈО: Избори во ваква ситуација се невозможни

Поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере, денеска им се приклучи на демонстрантите, кои традиционално својот протестен марш го почнуваат пред зградата на Специјалното јавно обвинителство.

– Ги поддржувам овие луѓе кои достоинствено протестираат против кршењето на владеењето на правото и повредата на човековите права, кои се случуваат во земјата – изјави поранешниот евроамбасадор.

Фуере рече дека претседателот Ѓорге Иванов мора да ја повлече одлуката за аболиција, за СЈО да може да ја изврши својата задача, за која е формирано, а тоа е токму истражувањето и процесирањето на кривичните дела за корупција и за изборен криминал.

Според Фуере, невозможно е да се одржат избори во ваква ситуација, затоа што треба да се спроведат неопходните реформи, меѓу кои се и регулацијата на медиумите.

Во моментот додека тој даваше изјава, пред СЈО се појави специјалната обвинителка Катица Јанева, која бурно беше поздравена од насобраните граѓани.