Свет Европа Францускиот парламент изгласа продолжување на вонредната состојба

Францускиот парламент изгласа продолжување на вонредната состојба

Горниот дом на францускиот параламент одобри продолжување на вонредната состојба во земјата за три месеци, јавуваат агенциите.

За таа одлука гласале 336 пратеници, додека 12 биле против.

Францускиот долен дом на парламентот вчера одобри продолжување на вонредната состојба, пренесува АП.

Вонредната состојба во државата ќе ѝ овозможи на полицијата да апси и да врши претреси, а властите ќе можат да забранат движење на луѓе и на возила во одреден временски период и на одредени места.