Свет Европа Француската десничарка Марин ле Пен вмешана во аферата „Панама пејперс“

Француската десничарка Марин ле Пен вмешана во аферата „Панама пејперс“

Соработниците на лидерката на француската крајно десничарска партија Национален фронт, Марин ле Пен, воспоставиле офшшор-систем на релација Хонг Конг – Сингапур – Девствени Острови – Панама, тврди францускиот весник „Монд“, повикувајќи се на новооткриените документи за глобалните финансиски малверзации, т.н. „Панама пејперс“.

„Монд“ наведува дека системот што го организирале најблиските соработници на Ла Пен бил користен за парите да се извлекуваат од Франција со помош на лажни компании и сметки, за француските служби за борба против перење пари да не им влезат во трага.

Францускиот весник вели дека истрагата ја водел во соработка со Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари.