Свет Европа Франција во септември ќе достави нови предлози за измени на ЕУ

Франција во септември ќе достави нови предлози за измени на ЕУ

Официјален Париз во септември ќе достави идеи за нов импулс за развој на Европската Унија, соопшти денеска француската влада.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, по референдумот за излез на Велика Британија од ЕУ, побарал од премиерот Мануел Валс да подготви француски предлог за септемвриската средба на високо ниво на претставниците на ЕУ во Братислава.

Сепак, како што соопштија од Париз, не станува збор за склучување нов договор меѓу Франција и ЕУ, туку идеите треба да помогнат во зајакнувањето на Унијата. Предлозите ќе се однесуваат на три клучни сегменти, односно на прашањето за заштита на границите, инвестициите и на проблемите на младите луѓе.