Свет Европа Франција: Уапсени осум осомничени терористи

Франција: Уапсени осум осомничени терористи

Осум лица се уапсени во Париз и во Лион поради сомневање дека се дел од мрежа за регрутирање борци за џихадистите од групата Исламска држава во Сирија, соопшти францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев.

Како што јавуваат француските медиуми, уапсените не се поврзани со минатомесечните терористички напади во Париз.