Свет Европа Франција собра седум милијарди евра со издавањето на зелени обврзници

Франција собра седум милијарди евра со издавањето на зелени обврзници

Франција собра рекордни седум милијарди евра со издавањето на обврзници за финансирање на проекти во секторот на обновливи извори на енергија или т.н. зелени обврзници.

Обврзниците им се продадени на банки, осигурителни куќи и други инвеститори со каматна стапка од 1,75 проценти и со рок на доспевање од 22 години.

Полска беше првата земја што излезе на пазарот со зелени обврзници во декември минатата година, издавајќи обврзници во износ од 750 милиони евра.