Свет Европа Франција: Лажна трудница планирала самоубиствен напад

Франција: Лажна трудница планирала самоубиствен напад

Француската полиција денеска во Монтпелие привела 23-годишна жена под сомнеж дека планирала да изведе самоубиствен бомбашки напад.

Како што пишува британскиот весник „Индепендент“, жената е Французинка и имала труднички појас, во кој, наводно, сакала да скрие експлозив.

Полицијата го пребарала нејзиниот стан, во кој е пронајден појасот, а заедно со неа е уапсен и нејзиниот 35-годишен сопруг.

Двојката се наоѓа во домашен притвор, а истрагата е во тек.