Македонија Франција ќе испрати нов експерт во СЕП за приближување на Македонија кон...

Франција ќе испрати нов експерт во СЕП за приближување на Македонија кон ЕУ

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи се сретна со францускиот амбасадор во Република Македонија, Кристијан Тимоние со кого се договориле дека со завршувањето на мандатот на францускиот експерт Бертранд Милет, Франција да обезбеди присуство на нов експерт за европски прашања, што претставува директна политичка поддршка од страна на Франција, информираше кабинетот на вицепремиерот Османи.

Османи изразил задоволство од досегашната работа и помош која ја обезбедило присуството на експертот Милет.

-Иако сме свесни дека изминативе две години г-нот Бертранд работеше во услови на длабока политичка криза во Македонија, сепак неговиот ангажман имаше важна улога во градењето на капацитетот на Секретаријатот – истакна Османи.

Францускиот амбасадор изрази задоволство од успешната соработка на Секретаријатот со францускиот експерт и најавил посета на нов експерт, со цел Македонија полесно и поефикасно да се посвети на предизвиците кои стојат на патот на приближувањето на земјата до Европската Унија.