Дописници Форумот на жени на СДСМ ќе организира традиционален марш по повод 8...

Форумот на жени на СДСМ ќе организира традиционален марш по повод 8 Март

Форумот на жени на СДСМ денеска во Охрид ќе организира традиционален марш под мотото „Ти си таа промена – Заедно за Македонија!“, по повод меѓународниот Ден на жената, 8 Mарт.

Маршот ќе почнe во 12 часот, од спортскиот центар „Билјанини извори“, ќе продолжи по булеварот Туристичка, низ чаршијата и ќе заврши на плоштадот во близина на пристаништето во Охрид.

По завршување на маршот, свои обраќања ќе имаат координаторката на форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Денеска, исто така, унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од разгранокот во Охрид во близина на настанот на СДСМ, ќе организира музички настан, кој треба да почне во 14 часот и ќе се одржува пред Домот на култура „Григор Прличев“.