Свет Флорида: Се урна воен хеликоптер, се трага по четири маринци и по...

Флорида: Се урна воен хеликоптер, се трага по четири маринци и по седум војници

Четири американски маринци и седум војници се сметаат за исчезнати откако се урна хеликоптер за време на воена вежба во американската сојузна држава Флорида.

Како што јавува „Си-Би-Ес њуз“, воениот хеликоптер „ЦХ-60Н блекхок“ се урнал за време на ноќната вежба во воздухопловната база Еглин. Хеликоптерот е пријавен за исчезнат околу 20.30 часот, а остатоците од хеликоптерот се пронајдени околу два часот наутро на околната плажа, која е во сопственост на војската.

– Засега е прерано да се говори за тоа што ја предизвикало несреќата, но во текот на ноќта имаше проблеми со временските услови. Во тек е потрага по исчезнатите, која е отежната поради слабата видливост на теренот – изјави Енди Боурленд, портпаролот на базата Еглин, пренесува „Ен-Би-Си њуз“.