Свет Филипо Гранди, нов комесар на УНХЦР

Филипо Гранди, нов комесар на УНХЦР

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, го именува италијанскиот дипломат Филипо Гранди за нов висок комесар за бегалци на ОН (УНХЦР), кој ќе биде одговорен да ја реши една од најголемите бегалски кризи, соопштија синоќа од ОН.

Гранди (58) ќе го замени Португалецот Антонио Гутареш, кој беше на чело на УНХЦР од 2005 година.

Именувањето на Гранди треба да биде одобрено од Генералното собрание на ОН, што обично се смета за формалност.

Гранди работи за Мисијата на ОН во Авганистан, а би требало новата должност да ја преземе на 1 јануари 2016 година. Италијанскиот дипломат работел за УНХЦР и во Судан, Сирија, Турција и во Ирак.

Според процените на УНХЦР, во светот има околу 60 милиони бегалци.