Македонија Филипче уверува дека гласањето на денот на изборите ќе биде безбедно

Филипче уверува дека гласањето на денот на изборите ќе биде безбедно

Фото: Арбнора Мемети

Министерот за здравство Венко Филипче во видео-порака потсети дека Министерството за здравство во соработка со другите институции изготви сигурен и ефикасен протокол за заштита на здравјето на граѓаните при гласањето на парламентарните избори што ќе се одржат на 15 јули.

„Сакам од мое лично име и од името на Комисијата за заразни болести, да ве уверам дека на денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа и со тоа да го остварите вашето граѓанско право. Гласањето нема да биде помалку безбедно од било која друга нормална активност која ја вршиме секојдневно, како одењето во маркет. Строгиот протокол и негова целосна имплементација се наша должност и одговорност, и се обврзуваме на граѓаните да им обезбедиме сигурна средина во која ќе може да гласаат“, потенцираше Филипче.