Македонија Филипче изрази загриженост за ситуацијата со ковид-19 и очекува по итна постапка...

Филипче изрази загриженост за ситуацијата со ковид-19 и очекува по итна постапка носење на сите мерки

Фото: Арбнора Мехмети

Министерот за здравство Венко Филипче изрази загриженост поради состојбата со ковид-19 и уште еднаш апелираше итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени.

„Регистрираме рекордни 30 проценти позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен. Есенскиот бран на вирусот „коси“ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран. Очекувам итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени. Повикувам на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита“ напиша Филипче.

Инаку, на собраниската седница треба да се расправа за измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.