Спорт ФИФА ја ублажи казната за Барселона

ФИФА ја ублажи казната за Барселона

И покрај казната што му е изречена на клубот, Светската фудбалска федерација (ФИФА) на Барселона ќе ѝ дозволи да реализира трансфери.

ФИФА, во август 2014 година, ја казни Барселона поради нелегални трансфери на малолетни фудбалери со забрана за трансфери до јануара 2016 година и парично со 450.000 швајцарски франци.

Барселона ја обжали одлуката на ФИФА во Судот за арбитража во спортот, но жалбата беше одбиена, односно Судот само ја потврди одлуката на Светската фудбалска федерација.