Македонија ФФМ ќе донира за настраданите во поплавите

ФФМ ќе донира за настраданите во поплавите

Фудбалската федерација на Македонија ќе донира вода за пиење и средства за хигиена, по апелот на Црвениот крст на Македонија, за да им помогне на настраданите од поплавите во источниот регион, кој е зафатен од поплави со излевање на реки во неколку реони, пренесе „Спортмедиа“.

ФФМ ги повика и другите спортски федерации и организации да се вклучат во помошта за настраданите.

„Брзата реакција на вработените во ФФМ е најдобар доказ за постоењето на хуманост, заемност и ба солидарност, како и силна желба за пружање помош и поддршка на оние граѓани кои имаат потреба од тоа. Ги повикуваме и другите спортски федерации, институции и компании да се приклучат во оваа акција и се надеваме дека барем малку ќе им помогнеме на погодените семејства“, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски ,за интернет-страницата на федерацијата.