Македонија Фетаи и Рустеми од поранешно СЈО избрани за обвинители во Вишото јавно...

Фетаи и Рустеми од поранешно СЈО избрани за обвинители во Вишото јавно обвинителство

Фото: Архива на Мета

Советот на јавни обвинители избра пет нови обвинители за во Обвинителството за организиран криминал и корупција, предводено од Вилма Русковска. Тројца од петте избрани обвинители се од поранешното Специјално јавно обвинителство и тоа Лиле Стефанова, Трајче Пеливанов и Артан Ајро, како и обвинителките Катерина Коларич и Наташа Поп Трајкова.

На огласот кој траеше повеќе од седум месеци биле пријавени 14 обвинители, и сите добиле високи оценки.

Исто така, на денешната седница на Советот на јавни обвинители, обвинителите Фатиме Фетаи, Бурим Рустеми, Сашо Рајчев, Наум Пановски и Снежана Бундалевска – Георгиевска беа избрани за обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Обвинителите Фетаи и Рустеми се од поранешното Специјално јавно обвинителство, Пановски доаѓа од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, додека Рајчев и Бундалевска-Георгиевска од Јавното обвинителство Скопје.