Култура Фестивал на новиот германски филм во Прилеп

Фестивал на новиот германски филм во Прилеп

Од 12 до 14 октомври во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе се одржи Фестивал на новиот германски филм, во соорганизација на Центарот за култура „Марко Цепенков“ и на Амбасадата на Германија.

Свеченото отворање е в четврток, во 20 часот, а на него ќе присуствуваат и претставници на Амбасадата на Германија. Ќе се прикажува филмот „Чик“, кој е од жанрот драма и комедија, а е снимен во режија на Фатих Акан. Филмот е за публика над 12 години.

В петок, со почеток во 18 часот, ќе се проектира трагикомедијата „Тони Ердман“ на режисерот Марен Аде, кој исто така е за публика над 12 години. Од 20 часот ќе почне проекцијата на „Херберт“, во режија на Томас Штубер.

В сабота од 16 часот ќе се проектира детскиот филм „Авантурата на Нели“, во режија на Доминик Весели. Од 18 часот ќе се проектира филмот за младинци „На иста висина“, во режија на Јоаким Долхопф, а од 20 часот ќе биде прикажан филмот „24 недели“, драма наменета за публика над 12 години, во режија на Ане Зохра Берахед.