Спорт Ферер го освои Рио, Надал падна на четврто место на АТП-листата

Ферер го освои Рио, Надал падна на четврто место на АТП-листата

Шпанскиот тенисер Давид Ферер триумфираше на АТП-турнирот во Рио де Жанеиро, откако во финалето го совлада италијанецот Фабио Фоњини за еден час и 23 минути.

Шанецот осмиот триумф против Фоњини го славеше со победа од 6:2 во првиот и од 6:3 во вториот сет.
Ферер со освојувањето на овој турнир доби 500 АТП-поени и 343.000 американски долари.

На најновата АТП-листа на најдобрите тенисери, на прво место е Новак Ѓоковиќ со 12.045 бодови, а на второ Швајцарецот Рожер Федерер со 9.025 бодови. Шпанецот Рафаел Надал од трето падна на четврто место.

АTП листа:
1. Новак Ѓоковиќ 13.045 бодови
2. Рожер Федерер 9.025 бодови
3. Енди Мареј 5.460 бодови
4. Рафаел Надал 5.425 бодови
5. Кеи Нишикори 5.205 бодови